Пејачот Александар Белов стана татко. Неговата сопруга Јелена роди ќерка која ќе се вика Мина. За раѓањето на бебето Александар дознал среде настап, додека пеел за дочекот на Стара нова година во ресторан во Крагуевац. Во разговор за „Репортер“ тој ни откри дека мајката и бебето се чувствуваат добро, а породувањето поминало во најдобар ред.
„Не можам да си дојдам на себе од среќа. Пеев на дочекот на Стара нова година, кога еден човек побара да му испеам песна за раѓањето на ќерката. И додека ја пеев песната, ми стигна порака дека Јелена се породила. Не знаев како да реагирам и само кажав пред гостите: ‘И мене само што ми се роди ќерка’, па почнаа да доаѓаат, да ми честитаат и луѓе што ги знам и што не ги знам“, ни рече Александар.
Тој не ја крие среќата што му се роди ќерката Мина, иако бременоста на Јелена ја криеја од јавноста.
„Само најблиските знаеја дека ќе станам татко. Со Јелена решивме да им кажеме само на семејството и неколку блиски пријатели“, ни кажа Белов.
Александар и Јелена се венчаа во 2019 година во Крагуевац, каде што живеат и работат. Претходно беа осум години во врска.
Андријана Јовановска