Александар Јосифовски на турнеја со Лепа Брена низ САД

Еден од милениците во „Ѕвездите на Гранд“, Александар Јосифовски ќе ѝ биде гостин на Лепа Брена ѝ ќе настапи за време на нејзината турнеја во САД. За датумот и местото каде ќе се одржат концертите ќе објавел наскоро.

За потсетување, пејачот од Охрид брзо ја освои публиката и заврши втор во шоуто „Ѕвездите на Гранд“,. За „Репортер“ ни откри како неговиот ментор, Ѓорѓе Давид, во полуфиналето понесен од емоции се расплака и јавно кажа дека Александар со години бил алкохоличар кој се бори со зависноста.

Ни откри и дека не пие веќе пет месеци и е среќен што на време сфатил дека има проблем со алкохолот. 

Scroll to Top