Александар Јосифовски од „Гранд“ по турнејата со Брена најавува и дует со Цеца

Минатогодишниот учесник од Македонија во шоуто „Ѕвездите на Гранд“ Александар Јосифовски јавно и понуди дует на Цеца. Тој за време на гостувањето во емисијата „Гранд магазин“ зборувал за неговите музички почетоци и трнливиот пат низ кој поминал за да го најде своето место како млад изведувач на јавната сцена. Но и најави нова соработка со неговиот ментор Ѓорѓе Давид,

„Почнав да свирам во гаража на пријател, а ја имавме првата свирка за мојот роденден. На почетокот никој не сакаше да не земе, па изнајмивме кафеана за роденден и свиревме таму. Извесен период свирев и на клавијатура во бендот, но пеењето беше секогаш примарно“, раскажал Јосифовски.

Тој неодамна ја промовираше неговата нова песна, баладата „Отопи ме“.

Јосифовски откри дека планира соработка со својот ментор Ѓорѓе Давид, но и откри дека отсекогаш ја сакал Цеца.

„Тоа би бил фантастичен дует, необична и неочекувана комбинација“, рекол Александар.

Јосифовски пред новата година настапуваше како гостин на турнејата на Лепа Брена во Америка.

Scroll to Top