Александар Јосифовски втор во „Ѕвездите на Гранд“, освои 40 илјади помалку гласови од победникот

By

Македонскиот пејач Александар Јосифовски заврши втор во музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“. Тој во суперфиналето се натпреваруваше против Нермин Хаџиќ и освои 40 илјади гласови помалку од него. Двајцата пејачи беа единствените што испеаја по три песни, но публиката на крајот повеќе гласови му даде на Нермин, чиј ментор беше Вики Миљковиќ.

dobivaj vesti na viber

Саша Поповиќ откри дека победникот Нермин добил 128.456, а Александар 87.650 гласови. Победникот како награда доби автомобил.

Јосифовски и лани беше меѓу финалистите на регионалното шоу. Откако влезе во финалето, неговиот ментор Ѓорѓе Давид се расплака и кажа дека Александар лани бил алкохоличар, кој не знаел кај тера со животот, но Давид го убедил дека мора да зема блокатори, да престане да пие и да се врати на прав пат, а Александар прифатил и се придржувал до нивниот договор.

Сите ментори му честитаа на победникот, но и на сите учесници и ги повикаа сите што сакаат да се пријават и да учествуваат догодина во новата сезона на „Ѕвездите на Гранд“.

 

Ќе ви се допадне