Александра Јанева на патување во Италија, пејачката ужива во традиционалниот „џелато“

Пејачката Александра Јанева овие денови ужива на патување во Италија, заедно со нејзиниот дечко. Таа на нејзиниот Инстаграм профил постојано споделува фотографии од нејзините настапи по клубови и кафулиња низ земјава.

Таа објави фотографии од преубавата Италија поточно од местото Полињано а Маре. Облечена во тренди зелен кежуал костим, бела топ маица, спортско капче и патики, Александра позира,а во позадина се гледат старите градби од ова место и морето.

Итнаку Полињано а Маре е место во Пуља, најстарото јадро на градот стои на карпеста површина со поглед на Јадранското Море.

Јанева и беше придружен вокал на Тамара Тодевска на Евровизија, кога нашата земја имаше и најдобар пласман досега. Пејачката беше победник на музичкото шоу „Сите наши песни“ во 2013 година и на фестивалот „Макфест“ во 2013 и 2016 година.

Scroll to Top