Амал Клуни важи за вистинска дама, а во последните неколку дена е во центарот на вниманието поради стајлингот со кој го краде вниманието на настаните.
Таа не престанува да привлекува внимание со своите модни изданија, особено неодамна, кога блесна во црно издание со сопругот Џорџ Клуни, а потоа и кога присуствуваше на премиерата на неговиот нов филм „The Boys in the Boat“ со нејзината мајка Барија Аламудин.
Во тоа време таа носеше светкав фустан од сирена со необични детали кои ја истакнуваа нејзината витка линија и во кој чекореше самоуверено и блескаше како светска дива.
View this post on Instagram
Неколку дена подоцна на ред дојде црвен фустан со слични детали, но овој пат малку пократок и пред се празничен.
Црвената креација ја зачини со сребрени чевли со висок сјај и чанта во иста боја.