Андријана Алачки емотивна за роденденот на ќерка си Грациела: Јас сум горда мајка што те имам тебе

Вчера Грациела, ќерката на музичарите Андријана и Горан Алачки наполни 33 години. Нејзината мајка и јавно ѝ го честита роденденот на Фејсбук со низа семејни фотографии, почнувајќи од нејзиното најрано детство до ден-денес.

„Среќен роденден на мојата бескрајна љубов, на мојата душа, на мојата убавица Граци. Кога се роди, на 15. март 1989, немаше посреќна мајка од мене. Мојот сон стана јаве, ти благодарам Господе. Веќе ништо не беше како порано, не постои „јас” постои нејзиното височество „таа”. Од мала принцеза се претвори во изградена личност со цврст карактер, истрајна, доследна, мајка, сопруга, верен пријател. Без интереси и услови, зборот ѝ е алтан, умот како универзумот, душата како океаните, да може ćе да собере. Таа стана мојот идол, но кога се подготвува бура, таа умее да ги распне своите едра и да му пркоси на ветрот и невремето. Е таква е мојата Граци, среќа мајкина“, напиша таа, честитајќи ѝ го роденденот и посакувајќи ѝ најискрени желби за здравје.

„Да се радуваш на секој нов божји ден заедно со твоето семејство. Дај Боже и ти да си толку горда мајка, како јас со тебе“, додаде.

Пејачката, авторка и водителка на емисијата „Вкусот на традицијата“ покрај Грациела го има и синот Благоја од бракот со Горан Алачки, со кого се разведе во 2011 после 25 години брак.

Грациела и нејзиниот сопруг Игор Димовски ја добија ќерката Јана (7) во 2015 година.

 

Scroll to Top