(Видео) Андријана Петрушовска со песна од Калиопи влезе директно во финалето на Гранд

Андријана Петрушовска од Скопје влезе во финалето на „Ѕвездите на Гранд“. Таа ги испеа „Мелек“ од Едита Арадиновиќ и „Црно и бело“ од Калиопи и пак во воодушеви жирито. Откако доби седум гласа, шест од жирито и еден од Саша Поповиќ, па влезе директно во финалето, нејзиниот ментор Ѓорѓе Давид рече дека е презадоволен од нејзиното пеење.

„Андријана никогаш не била подобра. Се ослободи и вечерва го покажа целиот раскош на твоето пеење“, рече тој.

Освен Андријана, во полуфиналето на шоуто пееше и Александар Јосифовски од Охрид, чиј ментор, исто така е Давид. И тој влезе директно во финалето, кое почнува вечер од 21 часот. Победникот ќе го избира публиката со телевоутинг, а ќе пеат 16 кандидати.

Настапот на Андријана почнува на 1:09:38.

Scroll to Top