Анета Андонова се искапе во реката Јордан за Водици

Поранешната водителка и уредник во Македонската телевизија, Анета Андонова, се искапе во реката Јордан по повод денешниот празник Водици. Таа објави фотографија на Истаграм од нејзиното влегување во реката за којашто се верува дека во неа Свети Јован Крстител го крстел Исус Христос.

Андонова претходните години за Водици одеше на одбележувањето на празникот во манастирот Калишта, Струга. Каде по фрлањето на крстот, со уште неколку жени пливаше во Охридското езеро.

„Традиција во манастирот Калишта е по литургијата и литијата да се фрли крстот во водите на езерото. По крстот се фрлаат само момчиња, така наложуваат црковните канони“, раскажа Анета во една прилика за Репортер“.

Scroll to Top