Селекторот и капитенот на фудбалската репрезентација на Македонија, Игор Ангеловски и Горан Пандев, по вечерашниот натпревар против Украина, го прекршија строгиот ковид-протокол на УЕФА и ги однесоа сопругите во ресторан, пишуваат романските медиуми..
Тие објавија фотографии од Ангеловски и Пандев, кои со сопругите биле на вечера во луксузен ресторан.
Медиумите пишуваат дека селекторот и капитенот најверојатно ќе бидат казнети од УЕФА бидејќи го напуштиле „меурот“, односно излегле од хотелот за активност која не е поврзана со тренинг, односно натпревар, како што се налага според правилата.
За потсетување, Македонија вчера загуби од Украина, а следниот натпревар ќе го игра во Амстердам против Холандија на 21 јуни.