Антониа Гиговска: Роберт е прекрасен татко

Поп-пејачката Антониа Гиговска веќе неколку месеци е во брак со музичарот Роберт Спасенцовски со кого го имаат синот Каин. За разлика од времето кога беше бремена па постојано ја имаше во јавноста, таа сега помалку објавува фотографии. Но, сепак не крие дека е среќна со бебето и сопругот.

„Роберт е прекрасен сопруг и татко. Нема потреба да се измислуваат приказни произлезени од мои сториња“, напиша таа.

Оваа реакција на Антониа доаѓа по муабетите кои почнаа да се зборуваат во јавноста откако таа сподели приказна „Животот е прекраток за да бидете со некого кој не мисли дека сте најдобрата жена на светот“, па некои медиуми веќе ја разведоа, а имаше еден куп реакции дека наводно не ѝ оди во бракот на пејачката. Таа вели дека е среќна со Роберт.

Антониа се породи пред месец ипол, со сопругот го добија синот Каин, и ова е прво дете за брачната двојка.

Scroll to Top