Арнаудова: Ајде во 17 часот да излеземе сите на терасите, да им дадеме аплауз на здравствените работници

Македонската пејачка Кристина Арнаудова, која воедно е и претседател на Здружението „Среќа“, денеска преку својот Фејсбук профил повика во 17 часот да им дадеме поддршка на здравствените работници и на министерот Филипче.

„Цела Европа им заблагодарува со симболичен аплауз на сите вклучени во првите редови во борбата со Корона вирусот, здравствените работници.  Тие заслужуваат и многу повеќе од аплауз, особено екипата на чело со министерот Филипче, но барем тоа можеме да го направиме, нели? Ајде денес 15.03.2020 сите да излеземе на терасите и со долг аплауз да ги поздравиме и да им се заблагодариме, за целата грижа и жртва која ја прават за ние да сме мирни и здрави!. Ајде точно во 17часот  сите да излеземе на терасите? Шерувајте ја оваа иницијатива и приклучете ми се!!“, напиша Кристина на својот Фејсбук профил.

 

Scroll to Top