Хероината од документарниот филм „Медена земја“, Атиџе Муратова дојде во Скопје, каде во студио ја сними познатата нејзина песна „Чекор по чекор“, која се пееше и во Холивуд. Аранжман за песната направија Љупчо Соколовски и Илчо Јованов, а снимена е во студиото „City sound“. Пресреќна оти , соништата и се остваруваат, Атиџе вели дека се рдаува и дека никогаш не се знае што носи животот. Освен песната таа треба да снима и реклама за мед.
Песна е направена и во дует верзија, Атиџе ја испеа со Васил Чамов.