Атиџе се онесвести на отворањето на Денови на македонскиот мед

Главната протагноистка на документарниот филм „Медена земја“, Атиџе Муратова, денеска доживеа незгода на отворањето на Денови на македонскиот мед. Таа во еден момент ја изгубила свеста по што веднаш била повикана итна помош.

Незгодата се случила попладнево во Скопје на улицата Македонија за време на говорот на министерот за земјоделство, Аријанит Хоџа, и на градоначалникот на Центар, Саша Богдановиќ.

Муратова донесе мед од диви пчели на изложбата на пчелни производи од целата земја.

Scroll to Top