Од „Авалон“ го најавија концертот на „Дајте музика“, кој ќе се одржи на 27 мај на стадионот на АРМ во Скопје. Публиката ќе има можност да ги слушне сите хитови од популарниот серијал, a ќе има и некои нови песни. Kонцертот ќе биде збогатен и со специјални гости кои засега организаторите не ги откриваат.
Првиот човек на „Авалон“, Бобан Милошевски, и продуцентката на проектот „Дајте музика“, Цаци Паковска, рекоа дека подготовките се одвиваат по планираното и дека сè тече во најдобар ред. Тие ветија незаборавно искуство не само за децата туку и за родителите.
За потсетување, влезниците сè уште се достапни за купување на сите продажни места во мрежата на „Авалон“ низ Македонија, на плоштадот „Македонија“ и онлајн на www.avalon.mk