Балерина Стефанија Гаштарска е првата Македонка што влезе во ансамблот на „Бољшој“

By

Македонската балерина Стефанија Гаштарска стана дел од ансамблот на познатиот руски театар „Бољшој“ во Москва. 18-годишната балерина од Скопје е прва Македонка на која ѝ успеа тоа. Таа настапи на сцената на овој театар уште пред две години како солистка. Гаштарска е бренд-амбасадор на компанијата „Гришко“, која ги прави светски познатите балетанки.


Гаштарска заврши основно музичко училиште во „Илија Николовски-Луј“ во Скопје и од мала бележи големи меѓународни успеси. Средното музичко го заврши во Русија, една година во градот Перм, а потоа три години била дел од академијата „Бољшој“, ни објасни мајка ѝ Марија Крстевска, која исто така е балерина во Македонската опера и балет.

 

Академијата „Бољшој“ работи под  театарот „Бољшој“ и сите годишни испити ги следи директорот на театарот. Годинава немале годишен испит, но по испитниот час директорот на „Бољшој“ одбрал седум девојчиња и едно момче. Меѓу нив е и Стефанија, објаснува Крстевска.

Ќе ви се допадне