Беира Салифоска, лице со оштетен вид го истрча мартонот од пет километри на Визер

Беира Салифоска првата во нашата земја како лице со оштетен вид, кое одбрани дипломска тема напишана на Брајово писмо, трчаше на Визер скопскиот маратон.

Беки учествуваше на маратонот од 5 километри, и за првпат настапи под своето лого „Go Beki“.

Беира неколку месеци наназад активно се посвети на тренинзите за нејзиниот предизвик, со персонализиран тренер.

За Визер скопскиот маратан Беира зборуваше и во интервју за Репортер, која по завршувањето на дипломската рече дека сака да се посвети на нејзините следни предизвици.

„Трчање на Скопскиот маратон, летање со параглајдер, посета на природните убавини во нашата земја и уште многу други работи“, вели Беира како лице со оштетен вид.

Беира е вработена на Универзитетската клиника за физикална медицина и рехабилитација како физиотерапевт (масер). Најчесто е прва смена од 7 до 15 часот, а денот ѝ е исполнет со премногу пациенти, како и дружба и комуникација со колегите.

Фото: Беира Салифоска/ Фејсбук

 

 

 

Scroll to Top