Бесплатен концерт на Симон Трпчевски на Д Фестивал во Дојран

Со специјален концерт на пијанистот Симон Трпчески и неговиот музички проект „Македонисимо“ утре ќе продолжи вториот ден од најголемиот најголемиот летен фестивал во земјава, „Д Фестивал“.

Трпчески ќе настапати со Хидан Мамудов на кларинет, алто саксофон и кавал, Александар Краповски на виолина, Паскал Краповски на виолончело и Влатко Нушев на удиралки.

Организаторите велат дека публиката ќе има можност да ја почувстува магијата на „Македонисимо“ во поинаква атмосфера на зајдисонце покрај дојранското крајбрежје.

Влезот ќе биде бесплатен за сите посетители од 18 часот, а почетокот на концертот е закажан во 19 часот. За потсетување, со повеќе од 50 музички имиња од домашната и светска сцена денес ќе почне најголемиот летен фестивал во Македонија, „Д Фестивал“.

 

 

 

 

 

 

Scroll to Top