Претседателот Стево Пендаровски и сопругата Елизабета Ѓорѓиевска вечерва се на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, во Битола. И овој пат елегантни, на популарниот фестивал, кој годинава, за своето 41.издание е малку поинаков, заради падемијата.
„Иако годинава го нема препознатливиот гламур и филмските проекции на платно, пред полна сала публика, драго ми е што Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ ја продолжува својата традиција и живее во скратена и во изменета форма’, вели претседателот Пендаровски.
Американскиот кинематографер Јануш Зигмунд Камински годинава ја доби наградата „Златна камера 300“ за животно дело. Награда доби и режисерот и сценарист Столе Попов, добитник на „Голема ѕвезда на македонскиот филм“. “Се надевам дека „Браќа Манаки“ и натаму ќе биде еден од најзначајните културни настани, настан во кој е вткаена богата историја, многу ентузијазам и љубов кон филмската уметност„, вели претседателот.