Бети Котовчевска која се капе во студени води постигна нов личен рекорд во Лапонија

Македонката Бети Котовчевска (27) е една од ретките кај нас кој го практикуваат методот на холандскиот екстремен спортист Вим Хоф, метод кој има три компоненти: правилно дишење, постепено во студена вода и посветеност. Нејзиниот личен рекорд е капење во студена вода на минус 33 Целзиусови степени, а сега постигна нов личен рекорд – минус 34 Целзиусови степени.
„Еве вака го соборив мојот нов рекорд – мирно, смирено и среќно. Мештаните на Лапонија ми кажуваа дека не се надевале на толкав пад на температурите баш во почетокот на пролетта, затоа што цела зима ја поминале со најладни минус 27,8 Целзиусови степени“, објави Коточесвка. И додава : Вчера беше најладниот ден во Лапонија оваа зима и температурата изнесуваше -34 степени, а јас гордо ќе си го додадам овој еден степен како најголема моја победа“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Betika ✨ (@_betika_)

Scroll to Top