Биба Додева: „Мојата ќерка е мојот свет“

Македонската пејачка Биба Додева објави слика со ќерката Емануела. Таа ретко споделува приватни фотографии на социјалните мрежи. „Мајка и ќерка“, напиша и доби комплименти дека двете жени се убавици, а дека Емануела го наследила најубавото од Биба. „Мојата ќерка е мојот свет“ додаде таа.

Биба, која е претседателка на здружението за борба против ракот на дојката „Борка“, изминатиот месец беше актуелна со кампањата „Напред розово“. Здружението во месецот на борбата против ракот на дојката организираше бројни активности, а на едно од нив Биба се појави во друштво на својата ќерка.

Емануела е докторка и веќе неколку години живее во Португалија. Таа лани стана мајка, го роди Хумберто Александар.

Scroll to Top