Билјана ја фатив на свадба

Сопругата на фолк-пејачот Марјан Коцев, Билјана, освои 130 илјади денари во квизот „Сѐ или нешто“. За време на квизот, и пејачот беше со неа, па и тој одговораше на прашањата на Лила, како поддршка за сопругата. Брачната двојка имаше можност да ја раскаже и својата љубовна приказна. Па така, Марјан раскажа дека со Билјана се запознале на свадба на која тој пеел, додека таа била гостинка. Вели дека ѝ пришол и без двоумење ѝ го побарал телефонскиот број. Брзо потоа почнале да излегуваат. Сега, по неколку години брак, двојката го очекува второто дете, а веќе ја имаат и ќерката Дуња.

За Билјана јавноста дозна откако ги освои парите во квизот, а драмата беше во последната рунда, кога останаа највисоките суми во црвените кутии, па по сугестија на Марјан таа ја прифати понудата од банкарот. Во квизот Коцеви раскажаа дека често имаат среќа во игрите на среќа. Открија и дека кога пред неколку години имаше наградна игра со фискални сметки, им се посреќило, па освоиле автомобил. 

 

Scroll to Top