Билјана Јаневска ќе ја претставува Македонија на избор за мис во Малезија

Манекенката Билјана Јаневска ќе ја претставува Македонија на 23. интернеционален избор „Мис туризам“, што ќе се одржи на 17 јануари во Малезија. Таа на „Фејсбук“ објави напиша дека е пресреќна што ќе учествува на овој избор за убавина. Освен Билјана, на изборот ќе се натпреваруваат уште 30 девојки.

„Единствената добра работа што можеше да ми се случи во 2020 година е тоа што ќе ја претставувам Македонија на Мис туризам интернационал. Ова чувство не се опишува“, вели таа.

Оваа година заради пандемијата изборот ќе се одржи онлајн, а за девојките, освен што ќе гласа жирито, може да се гласа и преку интернет.

 

Scroll to Top