Бисера Цуцулова и Садат Јакупи станаа принц и кралица на Евроазија

Вчеравечер во Анталија, Турција се одржаа изборот за Кралица на Евроазија 2020 и Најдобрите деца на Евроазија за 2020 година. Нашите претставници во двете конкуренции направија голем успех освојувајќи две титули: Бисера Цуцулова ја освои титулата Трета придружничка односно Трета кралица на Евроазија 2020, а деветгодишниот Садат Јакупи на детскиот избор ја освои титулата Принц на Евроазија 2020 .

“Во двете конкуренции победија претставниците на Русија. Изборите се одржаа Белис Де Лукс хотел но Анталија, каде кандидатите престојуваа 10 дена и се подготвуваа за големото финале.
Тие имаа одличен настап и заслужено ги освоија титулите“, изјави Мики Црнокрак, чие Модно Студио ја има лиценцата за Македонија за овие интернационални избори за убавина.
Нашите кандидати се претставија во модели кои специјално за оваа прилика ги изработи модна дизајнерка Лумние Локи.

Scroll to Top