Музичарот Пеце Петровски од Битола во саботата навечер бил прободен со нож во пределот на раката. Го прободел неговиот сосед, бидејќи му пречела музиката за време на онлајн концертот кој Петровски го пренесувал на социјалните мрежи.
„Ви Благодарам на сите што синоќа го пратевте нашиот концерт концерт посветен на малиот Лука. Се одјавивме порано и без најава бидејќи бев нападнат од соседот од зградата до нас, со нож и имам телесна повредa на раката .Му благодарам на Бог што поминав со толку. Ние тука не застануваме и продолжуваме и понатаму за малиот Лука. Поздрав и секое добро. Со Почит Пеце и другарите.“, напиша Петровски на својот профил на „Фејсбук“.
За инцидентот се огласија и од МВР, кој потврдија дека во Битола на имало инцидент на улица „Свети Наум“ поради недоразбирања околу гласна музика, кога Пеце бил повреден со остар предмет во пределот на левото рамо .