Пејачката Теа Трајковска на „Инстаграм“ објави селфи слика со порака дека тоа е првата фотка што ја направила откако прележала короната. Таа вели дека е среќна што сите во нејзиното семејство се конечно негативни, но и дека последниот месец ѝ бил како „луда железница“, во секоја смисла на зборот. По лошото искуство со Ковид-19, Теа јавно апелира до сите да се заштитат.
„Се мислев дали воопшто да го споделам ова тука, ама сметам дека е важно да се биде искрен и дека такa треба да се користат ваквите платформи, а не селективно прикажување на симпатичните, романтичните и инстаграм-естетските животни моменти. Последниов месец беше ролеркостер во секоја смисла. Денес, благодарна сум што сме сите на број, што не заразив никого бидејќи се изолиравме неколку дена порано и што поминавме низ ова без поголеми последици. Никој од моите блиски не знаат од каде/кого се заразија и покрај придржувањето до мерките и што е најчудно, дел од нас бевме негативни на првиот тест. Чувајте се и заштитете ги повозрасните околу вас“, вели Теа.
View this post on Instagram