Благој Бочварски правеше свадба со Маринела, цело СДСМ на веселба кај министерот

Вчера во „Алексадар палас“ свадба правеше министерот за транспорт и врски Благој Бочварски со неговата сопруга Маринела. Веста за свадбата на социјалните мрежи ја сподели  министерот за земјоделство Љупчо Николовски кој му честита брак на својот колега.
„Среќен брак Маринела и Благоj“,пишува Николовски.

На свадбата биле речиси сите пратеници, партиски колеги од СДСМ, минситри од Влада. Османа и фотографија со неколку дами, меѓу кои  вицепремиерката Славица Грковска, како и министерките Славјанка Петровска и Јована Тренчевска и генералната секретарка на Собранието, Цветанка Иванова.

Лани во август Благој Бочварски. ја побара за жена Маринела Серафимова со која беше долго во врска. Вчера беше свадбената веселба.

Scroll to Top