Македонскиот селектор Благоја Милевски и капитенот на репрезентацијата Стефан Ристовски гласаа за Лионел Меси во изборот за најдобар фудбалер во 2022 година според ФИФА.
Милевски своите гласови ги даде прво за Лионел Меси, потоа за Килијан М’бапе и Карим Бензема. Во изборот за селектори, својот глас прво го даде за Аргентинецот Лионел Скалони, потоа Французинот Дидие Дешамп и Карло Анчелоти на третото место.