Близнаците од „Некст тајм“ славеа роденден

Близнаците од дуото „Некст Тајм“, Мартин и Стефан денес го прославија 36 роденден. Со фотографија од кога биле деца, тие им се заблагодарија на публиката и ветија дека ќе продолжат да ги изненадуваат со добра музика.

„Ви благодариме што не поддржувате и ни дозволувате да го живееме нашиот сон, а тоа е музиката. Секогаш со најголема љубов ќе продолжиме да ви се одолжуваме за вашата неизмерна поддршка. Ве сакаат Мартин и Стефан Филиповски“, им рекоа на фановите.

Двајцата се појавија на музичката сцена пред 11 години. Денес свират рок, ама сè повеќе се актуелни со преработки на стари македонски песни. Имиџот со брада и јавањето коњи стана нивен заштитен знак, па и двајцата на шега велат „таман одговара за комитскиве песни“.

За „Репортер“ ни раскажаа за времето кога биле ученици, прво во Фискултурно па потоа во „Орце Николов“. Од тоа како мамеле во училиште за оценка, кога едниот одговарал за да го спаси другиот, до тоа дека родителите им купиле „чкарт“ патики оти немале за оригинал.

За потсетување, со Влатко Лозаноски наредната година ќе ја имаат и првата турнеја во Австралија.

Scroll to Top