Богата музичка програма на второто издание на „Вкуси го Југот – Taste The South“ Гевгелија

На 13-ти, 14-ти и 15-ти Септември на паркингот на новиот пазар Сава Михајлов ќе се оддржи второто издание на фестивалот “Вкуси го југот- Taste The South” во Гевгелија.

На сцената на фестивалот оваа година покрај бројните културно уметнички друштва и музичари од локалната сцена и регионот, ќе ги видиме и слушаме : – Викторија Лоба, Наум Петровски, Влатко Стефановски Трио, Пајак и Лара Иванова, Дац и Александар, Зијан, ХИТС ТРИО, Паркети, Фиц енд Д Инвизиблс(СТУДЕНИ Нозе), а за хуморот со свој стенд ап ќе настапи познатиот гевгелиски комичар – Дејан Мазларков Диверзија.

Освен богатата музичка програма на фестивалот ќе има поставени штандови со вкусна храна и пијалоци од Гевгелија и регионот, како и домашни уметнички изработки.

Не се изоставени ниту најмладите за кои повторно ќе има богата детска програма со детскиот фестивал КАЛИНКА.

Повелете да го вкусите и доживеете Југот на поинаков начин, Гевгелија следниот викенд е местото каде се спојуваат музиката, храната, пијалоците и секако доброто расположение и забава.

Scroll to Top