Бојан Велевски: Време е и комичарите да прават големи работи, а не само настанчиња за 60-70 луѓе

Актерот  Бојан Велевски имаше промоција за неговата стенд-ап турнеја, насловена како „Све ли ја да мислам?, која ќе има свое деби во Прилеп, на 13. септември. Големото финале на турнејата ќе се биде на 18.  ноември во Скопје, во Станица 26.  Актерот веќе неколку години е дел од „Lollipop entertainment group“ .

Водителот Марко Новески на самиот почеток го покани текстописецот на „Све ли ја да мислам?!“, познатиот Божидар Божиновски, да им се обрати на присутните.

„Инспирација има насекаде околу нас, дури и во поголеми количини отколку што можат да се опфатат во час и нешто стенд-ап. Има за до пензија инспирација стенда-пи да се пишуваат и после на децата да остане ко дуќанче. Со години чекам денови каде што ќе нема инспирација и ќе треба да се мисли на тапети или пердиња или со што и да се замараат оние што живеат во нормални општества“, рече  Божидар за инспирацијата за текстот.

По него се обрати и Велевски преку сатира,  и го означи почетокот на големата стенд-ап турнеја низ Македонија.  „Оваа турнеја ја правам пред сѐ за сцената. Време е и комичарите да почнат да прават големи работи, а не само настанчиња за 60-70 луѓе секој втора недела“, рече актерот, па додаде:

„Затоа и ја барам поддршката од уметниците и општо сцената во Македонија. Да го свртиме вниманието кон стенд-ап сцената, која треба да е коректив во реално време на општеството“.

Бојан соработува со својот менаџер Јане Јанев, сопственик на „Лолипоп“. Соработката ја почнале за време на пандемијата, 2020 година, а за тоа време биле многу активни и емитувале неколку лајв шоуа. “На почетокот беше тешко да се променат старите навики како и да се добие довербата дека некој искрено работи на неговата кариера, но после првите нови чекори и осознавањето на целосната слика јасно ги увиде своите мани и лесно понатаму ги претвори во успешна голема приказна“, вели Јане.

Големото финале на турнејата ќе се биде на 18.  ноември во Скопје, во Станица 26.

Scroll to Top