Бојан Јовановски, познат како Боки 13, тврди дека има рак на желудникот. Поранешниот сопственик на 1ТВ на денешното судење за случајот „Рекет“ со повишен тон и мавтајќи со медицинска документација, рече дека има рак на желудник на 33 години и ѝ се обрати на обвинителката Вилма Русковска со зборовите: „Вршите тортура врз мене, корумпирана обвинителке!“.
Тој беше отстранет од судницата па повторно вратен.
Јовановски пред судот рече дека не се чувствува добро, дека бил на гастроскопија каде му бил утврден малигнитет на желудник, а кога судијката рече дека ќе повика брза помош во судницата, тој одби, велејќи дека ќе му дадат дијазепам, а тој не сака да му се суди додека е под седативи.
Апелацискиот суд во понеделникот ја одби жалбата на Јовановски за укинување на мерката притвор.