Борко Ристовски ќе стане татко: Сакаме полот на бебето да биде изненадување

Голманот на Вардар, Борко Ристовски и неговата сопруга Нина, чекаат второ бебе. Борко не крие дека е среќен што наскоро пак ќе стане татко, а во разговор ни кажа дека Нина е во четвртиот месец од бременоста и во моментот се чувствува добро.

„Нина е супер, онолку колку што дозволува бременоста. Вчера ги добивме резултатите од нифи тестот и се радуваме затоа што со плодот е сè во најдобар ред. Ги имаме и резултатите од полот на бебето, но одлучивме засега да не ги отвораме и тоа да биде изненадување и за нас. Само нека бидат Нина и бебето супер, сè друго е помалку важно“, рече Борко за „Репортер“.

Голманот и Нина, која е моден дизајнер, веќе го имаат синот Душан. Тој пред неколку месеци наполни 4 години, а името го доби по починатиот татко на Ристовски.

„Предлогот за името беше мој, а Николина го прифати. Мојот покоен татко се викаше така. Сакавме во името на нашиот син да има симболика, значење“, рече Борко претходно во интервју за „Репортер“.

А.Ј. 

 

Scroll to Top