Борко Ристовски се сели во Германија

Борко Ристовски привремено ќе го напушти Вардар и ќе се пресели во Германија, каде ќе игра во клубот Лемго. Македонскиот голман  ќе замине на двомесечна позајмица откако успеа да се договори со челниците на германскиот клуб. Лемго не стартуваше во оваа сезона како што посакува.

Челниците на германскиот клуб во Борко гледаат идеално засилување на тимот, а дополнителен проблем е и повредата на првиот голман Урс Кастелиц. Ристовски треба да се врати назад во Вардар за во клучниот дел од сезоната. За потсетување, тој потпиша нов договор со Вардар на почетокот на годинава.

Во Вардар ќе остане до крајот на 2023 година. Се врати во тимот пред две години и оттогаш е прв голман.

Во Вардар дојде од португалската Бенфика, а во својата кариера бранеше и во Барселона, Рајн Некар, Кретеј, Гумерсбах, Теукро и Алгесирас. Го чуваше голот и на Македонија, Југ и Металург. Покрај Ристовски, актуелни договори со Вардар имаат Мартин Томовски и Васил Гогов, кои остануваат тука и наредната сезона.

Scroll to Top