Браво, школски, за твојата книга: Каролина откри дека биле соученици со Кире Лазаров

По-ѕвездата Каролина Гочева беше меѓу гостите на промоцијата на автобиографијата на Кире Лазаров „Секогаш на победа“. Таа сподели нивни заеднички фотографии и откри дека со Кире се школски другари од гимназијата „Јосип Броз-Тито“ во Битола. “

„Пред неколку дена мојот школски другар ја промовираше својата автобиографија во која раскажува за својот пат од самите почетоци на неговата блескава кариера. Кире, честитки за се’ што си постигнал до сега, се радувавме на сите твои успеси и ги чувствуваме како свои. Поздрав и до нашите поранешни соученици од IV6, гимназија Јосип Броз Тито од Битола, генерација, како да беше вчера. Се гледаме на следна годишнина од матурска“, вели поп-ѕвездата.

Scroll to Top