„Број 7 е среќа. Среќно в среда“, Маленко со алал ги испрати ракометарите за Египет

Најдобриот македонски пливач Александар Маленко беше во хотелот  „Александар Палас“ каде се виде со капитенот  Кире Лазаров и останатите ракометари. Тој пред заминувањето во Египет им посака среќа на претстојното Светско првенство.

„Среда, среќно, број 7, среќа. На ракометна светска легенда Кирил Лазаров и неговите колеги им посакувам мирно небо, топол пречек вечерва во Египет, и од утре сите заедно да се радуваме на секоја ваша победа на СП во ракомет. П.С. Нека ова биде почеток на една од наредни четири успешни години кога за првпат ќе зачекориме на отворањето на Олимписките игри во Париз 2024“, им рече Маленко.

Scroll to Top