Вечерва е рочиштето на „Златна бубамара на популарноста“. Овој пат под слоганот „Нема правда, има Бубамара“. Во пресрет на 23. издание на најпопуларна манифестација кај нас, од штабот на „Златна бубамара“ ни велат: „Драги наши преживеани граѓани и доживотни политичари, нема правда, има Бубамара!“.
„Имаме милон и пол причини да дојдеме и заедно да уживаме со најголемите музички, спортски, филмски, театарски и медиумски ѕвезди. Нашиот бројчаник врти напред, а кај некои други од позади. Дојдете со вашите чанти, раситнете ја стотката и сè ќе биде ОК! Во меѓувреме слушајте лажни вести и дишете еколошко гориво“.
Рочиштето е во А1 арената „Борис Трајковски“ од 20 часот. Нема правда, нема пара, ама има Бубамара.