Бугари се возбудија од Велевска  

Фолк-пејачкaта Елена Велевска е на одмор во Грција, од каде постојано споделува фотографии. Таа е неколку дена во Паралија и Литохоро. Откако објави фотографии, доби многу комплименти за изгледот, особено од обожавателите од Бугарија каде што Велевска е чест гостин и каде ужива голема популарност.

Под фотографиите на фолк-пејачката може да се прочита сешто, од згодна, раскошна секси, до оние на бугарски јазик: страхотна, уникална, невероятна, прекрасна, чудесна.

Всушност бугарските комплименти ги поминаа и оние кои ги доби од македонските обожавателите.

Scroll to Top