Поранешниот министер за внатрешни работи и директор на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков, кој рано утринава повторно беше вратен во притвор, по само еден ден од одлука на Врховниот суд да биде пуштен во куќен притвор, почнал да штрајкува со глад.
Чавков, дури одбивал да ја прима редовната лекарска терапија.
Тој вчера беше пуштен од затворот во Шутка во куќен притвор. Откако дојде дома, семејството го пречека со виски, за добредојде. На социјалните мрежи беше објавена и фотографија каде тој е во прегратка на неговата ќерка.