Четири години како четириесет: Борко и Нина прославија годишнина брак

Голманот на Вардар, Борко Ристовски, и неговата сопруга Нина, слават четири години брак. Тие слават два пати во годината, па еднаш го одбележуваат денот кога се венчаа во матично, а втор пат кога се венчаа во црква и направија голема свадба со многу роднини и пријатели. Нина и овој пат објави слика од свадбата и му напиша емотивна порака на Борко.

„Четири години брак како четириесет. Борко те сакам“, напиша таа. „Додека смртта не нè раздели“, ѝ одговори голманот.

Нина и Борко склучија граѓански брак на 29 јануари 2018 година. Свадбена веселба правеа на 5 јануари следната година. Тие го имаат синот Душан.

Scroll to Top