Сопругата на пејачот Павле Камилоски, планинарката Ирина, заедно со уште три нејзини пријателки, се искачија на врвот на Водно со нивните бебиња.
„Дали денес видовте поубава слика“, рече Ирина која планираше буквално и до пред породувањето и постојано споделуваше видеа и фотографии. За „Репортер“ ни рече дека за време на бременоста ги искачила врвовите Бајрк и Медеица.
Ни откри дека внимава додека се качува по планините, но дека не може да се замисли да не се занимава со спортот за кој уште од дете станала свесна дека ѝ е најголем предизвик.
За потсетување, Павле и Ирина се венчаа во февруари, а во јуни го добија синот Јосиф.