Четкар сними нов спот во Охрид

Македонскиот џез музичар, Владимир Четкар, денеска го промовираше новиот музички спот за песната A New Day. Видеото го сними режисерот Бојан Симјаноски на повеќе локации во Охрид. Автор, композитор, аранжер, текстописец, диригент и изведувач е Четкар.

Песната е снимена со жива инструментација во Чикаго во студиото Electrical Audio на познатиот Американски продуцент Стив Албини, познат по соработките со Нирвана и Лед Зепелин и во Hi Fi Studios во Милвоки.

Scroll to Top