Да се биде мајка на Бојан е одговорност, но јас сум најгордата мајка на овој свет, вели Јасмина Јовановска за роденденот на Боки13

Бојан Јовановски или во јавноста познат како Боки 13, денес полни 37 години. Неговата мајка, Јасмина, сподели емотвна роденденска порака за својот син, кој сè уште е во затворот во „Идризово“.

„Да се биде мајка е една од најсветите и најодговорни задачи на овој свет, благодарна сум што сум ја добила задачата да бидам мајка на Бојан. Неговата специфичност, неговиот индивидуализам, неговата енергија и дух се она што мене ме прави дополнително одговорна, а во исто време ме прави и најгордата мајка на овој свет со сето бреме кое го поминуваме заеднички сите овие изминати години! Денес Бојан полни 37 години, зад него се безброј премрежја и неправди, а пред него му посакувам пред сè здравје, нови предизвици и победа на целото нанесено зло. Среќен роденден Бојан. Те сакаме со цело срце“, вели Јасмина Јовановска .

Бојан се уште е во затворот во „Идризово“ за случајот Ркет, а последните неколку месеци влошена е состојба на неговото здравје.

Scroll to Top