„Да се вратат концертите до крајот на јули или ставам катанец“, реагира Бобан Милошески од „Авалон“

By

Поради коронавирусот во Македонија се откажаа сите концерти и настани кои беа предвидени. Денеска реагираше и Бобан Милошески од „Авалон продукција“, кои поради Ковид-19 ги поместија и откажаа сите предвидени настани. Под мотото „Да се вратат концертите во Македонија до крајот на јули“, Бобан вели: „Полицискиот час како полициски час не е страшен. Ќе галами народот и ќе издржиме. Барем ние што нѐ мрзи да измислуваме по 123 трикови како да го ескивираме. Страшно е и поради тоа цела држава е во паника, што се има нула визија и минус нула реализација во тоа. Што по него? Како да се чувствувам јас, да речеме? Ние сме ги работеле во Белград Ајрод мејден, Ејми Вајнхаус, Симпли ред и барем уште 30 концерти. ‘Авалон’ го донесе Боб Дилан во Белград.

И првпат, во градот во кој во 1970-тите биле Мајлс Дејвис и Тина Тарнер, ги донесовме Зи Зи Топ, Дијана Крал итн. Сега читам – концертите се вратија таму, Егзит продава карти за августовското намалено издание, а нас никој ниту нè прашал како сме, ниту има план и визија како би се вратиле во бизнисот, да речеме за некој месец и пол. Треба ли да ја преселам работата целосно таму? Изминативе три години ја преселив целосно овде. Еј, лани во Скопје беа Стонг, Лени, Ерос, Брајан Адамс. Во една година. Концертите се бизнис, тие се двигател и на туризмот, ‘Авалон’ има барем 100 надворешни субјекти кои живеат и се дел од соработката со нас. Имаме како ‘Авалон’ визија како да го заживее Охрид од крај на јули, Скопје од крај на август. Овој пост е апел. По него следи катанец. Ама само за Македонија“.

ДА СЕ ВРАТАТ КОНЦЕРТИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА ОД КРАЈОТ НА ЈУЛИ!!! Полицискиот час како полициски час не е страшен. Ќе галами…

Posted by Avalon Produkcija on Четврток, 04 јуни 2020

 

 

Ќе ви се допадне