Данела ја налути Арнаудова: Градоначалничката нема сенс за хуманост, па не го поддржа летниот камп за деца од социјален ризик

Поп-пејачката Кристина Арнаудова се налути на градоначалничката на Скопје Данлела Арсовска, па јавно ја прозва на социјалните мрежи, откако за првпат Град Скопје не го поддржа летниот камп за деца од социјален ризик, Шарено лето. Овој летен камп постои од 2017 година и секое лето со Аранудова стотици деца од ранливи категории и социјален ризик одат на својот прв летен одмор. Овој пат Кристина  Арнаудова вели дека неговото оддржување е неизвесно.

„Градоначалничката е токму онаква каква што очекувавме. Политичка фигура која нема сенс за хуманост и вакви проекти. Ќе бидат ова долги три и пол години. Јас само би и препорачала да не меша политика во хуманитарни проекти кои се потребни на овој напатен народ и многу деца“, вели Арнаудова.

Таа додава : “Можам само да кажам дека ќе дадам се од себе да се одржи овој камп, а на оние кои избришале ваков хуман и потребен проект нека им служи на чест. Мандатите поминуваат, а ние остануваме. Секој кој сака да спонзорира летен одмор за едно дете може да ни пише порака, па ние ќе најдеме заеднички начин.

Редакција Репортер се обарти до Кабинетот на градоначаничката Данела Арсовска, но досега не добивме изјава дали навистина Град Скопје не го подржува летниот камп за децата од ранливи категории.

Scroll to Top