Дани Димитровска се заљуби во Котор

Поп пејачката Дани Димитровска е на одмор на Јадранот во Црна Гора. Таа сподели фотографии од Котор и вели дека се заљубила во стариот дел на градот. Пејачката е воодушевена од тесните сокаци и убавата архитектура, а вели ја заболел и вратот од гледање нагоре по градбите.

„Кожурец на удобноста може да е и една обична ноќ исполнета со прљаво бели ѕидини на двокатници, ишарани со мали прозорци со многу окна… покриени со стрмни црвени покриви и кулички на аглите. Набиени една до друга како згради сестри, како во прва борбена линија, како една за сите и сите за една – спремни да одговорат на морето кога фрла лути бранови. Ние ококорените со болка во вратот од предолго зјапање сме само минувачи…мали, големи, способни, мрзливи, лоши и добродушни луѓе без кои светов може но ние без него, не“, напиша Дани.

Таа објави и фотографии и во костим за капење додека позира покрај карпа и покажа како се забавува додека е на море.

Scroll to Top