Дани во карантин: Вежбам во пижами

Поп пејачката Дани Димитровска ни раскажа како ги поминува деновите во изолација. Вели дека се чувствува здраво и дека ги следи сите препораки.

„ Загрижена сум но не сум паничар. Еве веќе 13 -ти ден ми е во карантин. Купувам храна на два дена. Се грижам за комшиите и гледам да делувам насмеано. Играм “не љути се човече” online со син ми кој е во самоизолација. Се ставив на пишување, па започнав со прибележување на мисли и премина во едночасовна занимација во ден. Готвам повремено што не е честа појава. Вестите ми се во центарот на вниманието. Вежбам во пижами, пеам при енергични напади, пресадувам лански цвеќиња и си признав дека ја потценив вредноста на една тераса во стан“, раскажа за „Репортер“, поп пејачката.

Таа вели дека се цело ова време, веќе се изначитавме од прашања и одговори што да правиме со себе за да го потрошиме времето. „Верувам дека секој најдобро знае што му е забавно . И во сите тие деноноќни занимации посакувам барем на кратко да се замислиме за нашето делување вон вакви услови, за тоа кај грешиме, за промени во однесување, за да бидеме , а  замреното човекољубие и што вистински сакаме , а за што сме вистински создадени. Тоа би било одлично занимавање со себе за сечие добро. и Додава : Смирено другари со одговорност за себе и останатите! Ќе преживееме но ај и да извлечеме лекции за единството и човекољубието. Чувајте се“.

А.Георгиев

Scroll to Top