Синот на Даниел Кајмакоски и Кристина Димитриевска го прослави својот трети роденден. Иако Кристина кажа дека и поранешниот сопруг ќе дојде на роденденската забава, тој наводно не дошол.
Кристина на социјалните мрежи објави неколку фотографии од журката на наследникот, но Даниел го нема на сликите.
Последната објава на Кајмакоски е од Белград . На Инстаграм коментираат дека дека очекувале барем со фотографија да му го честита роденденот на Давид.
Неодмана Кристина во интервју за „Бекстејџ“ зборуваше дека е во супер односи со Даниел, и дека таа „не го мрази, затоа што тој е татко на нејзиното дете и дека заради Давид останале пријатели“.