Даниел Кајмакоски победи на ТЛЗП

Македонскиот преставник Даниел Кајмакоски заедно со Ивана Петрес се победници во финалето на „ТЛЗП“ (Твоето лице звучи познато. Двајцата ги освоија симпатиите на балканската публика и како Тим 3 беа победници во оваа сезона. Добија најмногу гласови и смс пораки од Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Македонија.

„Им благодарам на сите од целиот регион што гласаа за Ивана и за мене! Среќни сме што победивме, но најмногу поради можноста да помогнеме. Благодарение на ТЛЗП, што во третата сезона можев да му помогнам на семејство од Куманово. Сега Ивана и јас одлучивме да ја донираме наградата од 25000 евра на двегодишниот Урош Матошевиќ, му посакуваме што побрзо да ја победи тешката болест и да има среќно детство“, ни рече Даниел по победата.

Даниел и Ивана имаа одличен настап, претставувајќи се како Нели Фуртадо и Џејмс Морисон. По нивниот настап, членовите на жирито коментираа дека не е ни чудно што се нашле на врвот на таблета пред нивните конкуренти.

Чекот од 25.000 евра кој требаше да ќе го донираат за добротворни цели. Водителката Марија Килибарда објасни дека сите пари кои стинале од гласањето преку СМС пораки, исто така ќе бидат проследени во хуманитарни цели.

 

Scroll to Top