Дарко Димитров е најдобар продуцент на Балканот

Музичката видео компанија IDJ Videos го избра Дарко Димитров за најдобар продуцент во 2019 година. Тие велат дека македонскиот композитор и годинава бил автор на некои од најголемите хитови во регионот, песни што ги испеаја Емина Јаховиќ, Анастасија Ражнатовиќ, групата „Хурукејн“, Луна Џогани и други.

„Уште од 1990те години Дарко работи со најпознатите музичари од регионот и создава големи хитови. Познатиот продуцент, текстописец и аранжер и годинава учествуваше во компонирањето на македонската песната за Евросонг, а песните што ги продуцираше остварија огромен успех. Меѓу нив се и ‘Фаворито’, ‘Руини’, ‘Рани’, ‘Деветти круг’“, велат од IDJ Videos.

Инаку, IDJ Videos e една од најпопуларните видео компании на Балканот. Постои од 2011 година, период во кој снимаат спотови за илјадници музичари и ја промовираат новата музика во регионот.

Scroll to Top